Дваесет и пет мигранти од Авганистан и Пакистан биле пронајдени при рутинска контрола на возило кај Свети Николе.

Како што соопшти МВР, ноќеска околу еден часот по полноќ кај с.Преод, Свети Николе, од полициски службеници било сопрено патничко возило „опел виваро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(24) од Скопје, во кое сопатничка била М.И.(20) од Скопје.

При извршениот преглед пронајдени биле 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка, додава МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 13:30