Жител на Чегране вчера ја прекршил задолжителната самоизолација и си прошетал низ селото, поради што Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог за лицето за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од 14 дена, но не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест предизвикана од вирусот Ковид 19. На 19 март тој излегол од неговиот дом во селото Чегране и се движел низ населеното место, при што бил затекнат од полициски службеници, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител побара од Судот да му определи на обвинетото лице парична казна во износ од 10 до 100 дневни глоби заради непочитување на задолжителните здравствени мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 23:13