Во полицијата вчера во 18.26 часот било пријавено дека на улицата „Жил Верн“ врз лицето Г.А. (59-то годиште) од Скопје било извршено разбојништво од страна на две непознати лица со употреба на физичка сила, при што му одзеле сума на пари и еден пиштол марка „магнум“.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што објавија некои медиуми се работи за трет напад врз лицето Г.А, сопственик на менувачницата во Кисела Вода.