Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое сторило кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од кочанското обвинителство.
-За време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид 19 донесени од надлежните органи. Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Република Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но, на 18 март го напуштил домот и дошол во ОВР Кочани, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.