Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-Двајца од обвинетите на 23 март во 21:30 часот, а третиот во 22:05 часот, за време на епидемијата на опасна болест Ковид 19 не постапиле според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот. Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21:00 до 5:00 часот, соопштиЈавното обвинителство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложил на судот, на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.