На подрачјето на СВР Штип изминатото деноноќие, поради непочитување на мерката полициски час приведени се шест лица, информира преку соопштение портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

По едно лице се во Виница и Берово, а по две во Делчево и Кочани.

-Од двете лица во Кочани кои што не го почитувале полицискиот час едно е малолетник. По документирање на кривично правните настани, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Таа посочува дека на територија на СВР-Штип, во чии рамки се повеќе општини од источниот регион со мерка решение за здравствен надзор и домашна изолација, вкупниот број на граѓани е 64, додека со птпишана изјава за самоизолација се 626 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 15:44