Кога кажувавме дека во економијата ни се случува катастрофа, дека ќе доживееме фијаско, Заев пред два месеци велеше дека блескаме, за вчера да признае дека недостасуваат 1.3 милијарди евра во државната каса!

Тоа значи дека не само што воопшто не блескаме, туку дека економијата е на респиратори.

Таквата неспособност на власта не смеат да ја платат работниците и малиот и среден бизнис.

Кога пред две недели велевме дека треба владата што побрзо да се задолжи, тогаш тоа власта го третираше како небитна информација, сега самиот Заев признава дека нема пари, затоа што големите земји исто така повлекуваат кредити.

Се доцни со мерките во стопанството, исто како што се доцни и во здравството.

Мислам дека подеднакво загрижувачки со корона вирусот е што во едни вакви времиња ја имаме најнеспособната влада.

И едно прашање кое ме мачи: Берлускони донираше 10 милиони евра во борбата против корона вирусот, а Заеви како најбогато политичко семејство, колку?

Интегрален текст од објава на фејсбук на Игор Јанушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 11:48