Кривична пријава е поднесена против двајца кичевчани бидејќи не ја почитувале мерката за самоизолација. Тие на 18 март не биле во своите домови и не се придржувале кон мерките за 14-дневна самоизолација.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека се работи за Б.С.(46) од Кичево и С.А.(52) од кичевското село Шутово.

Двајцата по пристигнувањето со авионски лет од Австрија односно Германија потпишале изјава дека се согласуваат на 14-дневна самоизолација.

Со непридржување до одредбите во изјавата, двајцата ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за ширење и сузбивање на коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 13:50