Изминатото деноноќие во гостиварско, едно малолетно лице ја прекршило одлуката за ограничено движење и е лишено од слобода. Полицијата го задржала за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.
Од СВР Тетово информираат дека вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин во гостиварско е 200, а бројот на лица со потпишани изјави за самоизолација e 30. Покрај ова, реaлизирани се 31 контрола на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат, во Гостивар и гостиварското село Врапчиште вчера биле откриени два угостителски објекта (кафетерија и чајџилница) кои биле отворени и работеле. Двата објекта се затворени, а против нивните сопственици, кои биле лишени од слобода, ќе следуваат соодветни поднесоци.