Основното јавно обвинителство во Велес во текот на денешниот ден до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнен налог против шест лица за сторено кривично – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот, велат од обвинителствоо.

Надлежните јавни обвинители предлагаат на обвинетите за стореното кривично дело да им се изречат парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупни казни од 800 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 15:56