Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево достави предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно 11 лица.

Како што соопшти Јавното обвинителство, седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Четворица, како што се наведува во соопштението, се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 23:08