Полицијата денеска во 11 часот пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во близина на градинката кај „Жаба зграда“, откако соседите телефонски пријавиле во СВР Велес.

– Полицијата ги повикала пожарникарите од ТППЕ Велес да влезат во станот. Екипа на СВР Велес влегла,а смрт кај две лица констатирала медицинска екипа на Брза помош која била повикана од полицијата, информира портпаролот на ЈЗУ Здравствен дом д-р Стархил Тодоров

Нивна екипа констатира смрт кај две лица, а за понатамошната постапка е надлежна полицијата и ОЈО Велес.

Од ОЈО Велес најавија дека телата ќе се предадат на обдукција за да се утврди причината за смртта.

Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор.Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми, но не правел проблеми. Посочуваат дека иако имале материјални примања како ранлива категорија не биле соодветно згрижени, а немале семејство во градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2020 16:05