Во светската антологија „Поети за човештвото:светот се лечи со мир“ на издавачката куќа „Inner Child Press“ објавена овој месец во Чикаго се наоѓаат и поетски песни на Наташа Сарџоска.

Ова е четврта меѓународна објава на Сарџоска по објавувањето на поетската книга „Крстна коска“ во Косово и Италија, како и дел необјавени песни на шпански јазик во ревијата „Игитур“ во Мексико. Нејзини песни напишани на италијански јазик беа објавени и наградени и во Италија на конкурсот „Песна за Неапол“ во јануари годинава.

Поетските настапи на Сарџоска на саемите за книга во Торино и Милано, како и промотивните настани за нејзината книга во Рим и Болоња, се презакажани за октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 11:11