Корупциските скандали во режија на Владата и во време на вонредна состојба не мируваат. ЈЗУ Психијатриска болница Скопје склучила договор за јавна набавка со компанија застапувана од роднина на Директорот на болницата?

Станува збор за Договор за сервисирање на канцелариска опрема, склучен на 2 април годинава со планиран износ од 6.140 евра. Договорот во име на „ЕБР Компјутерс ДООЕЛ” го склучува Бујар Ковачи, а веројатно со цел да се прикријат трагите и сомнежите, договорот во име на ЈЗУ Психијатриска болница Скопје го потпишува Сузана Шабани која според податоците на интернет страната на болницата, но и самиот договор, е главна сестра. Истите лица, застапувајќи ги наведените правни субјекти, потпишуваат договор за истата услуга и на 27 февруари 2019 година, договор чија планирана вредност изнесува 350 илјади денари

Сепак договорот за сервисирање на канцелариска опрема во 2017 година е склучен помеѓу В.Д. директорот Ќамил Ковачи, како застапник на Болницата, и Бујар Ковачи, застапник на „ЕБР Компјутерс ДООЕЛ”.

„ЕБР Компјутерс ДООЕЛ” со оваа болница во последните неколку години има склучено седум договори во висина од 32.216 евра. Оттука, итно повикуваме да се истражат сите овие договори, а го повикуваме директорот Ќамил Ковачи јавно да одговори:

Во каква роднинска врска е со Бујар Ковачи?

Зошто на сите договори како потписник се појавува тој, освен на договорите со „ЕБР Компјутерс” каде правен застапник е Бујар Ковачи, а договорите во име на болницата ги потпишува главната медицинска сестра?

Зошто во време на пандемијата од коронавирусот, болницата се решава да склучи договор за сервисирање на канцелариска опрема,наместо да набави заштитна опрема за медицинскиот персонал?

Левица



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 14:12