Велешкото обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“.

Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.​​

Како што инфомираат од Јавното обвинителство, обвинетите лица за време на викендот, додека е во сила Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија од 16:00 до 5:00 часот наредниот ден, пеш или со возила во одделни кривично правни настани се движеле низ Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 16:45