Владата на Република Македонија на денешната 37-ма седница го разгледа и усвои записникот од дваесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 7 април 2020 година.

Согласно информацијата на овој состанок Владата на својата седница го утврди текстот на договорот меѓу Република Македонија и Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 21:32