Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ каде што посочи дека помош се дели во Куманово каде е носител на листа во изборната единица, Оливер Спасовски, помош се дели во Крива Паланка каде носител на листа за пратеници е Љупчо Николовски, помош се дели во Струмица каде носител на листа е Зоран Заев. Тоа се втора, трета и четврта изборна единица.

„Оваа т.н. помош била наменета за корумпирање на гласачи, било планирано да се случи во овој период зошто да не заборавиме дека еве денес сме вторник во недела требаше да има избори. И точно ја темпирале на недела до десет дена пред избори да ја поделат таа т.н. помош со цел да можат да ги корумпираат луѓето на кои им ја доделуваат таа помош, а дека таква пракса имаа видовме и во определени објави на италијанскиот весник „Ла верита“ каде извади докази од јавното обвинителство за поткуп на гласачи на изминати изборни циклуси, а тоа е и јавна тајна и во Куманово и во Струмица“, рече Николоски.

За да ме демантираат, посочи Николоски, „нека извадат на кој ден ја имаат платено и нека извадат спецификација колку е платено, не да извадат дека поделиле десет шишиња масло, зошто гледаме дека се десетици илјади шишиња масло и датумот да биде постар од денес за да не фалсификуваат денес кога јас ова го кажувам“.

„Она што можам сигурно да го претпоставам е дека ќе има поткуп и во време на избори. Тие сега ова го претставуваат како донација заради тоа што формално избори нема да има тие се одложени. Но, во тек на избори тоа е веќе сериозно кривично дело и треба да се свесни дека ќе одговараат. Ако сега може да оди како донација, но под услов ако го платите за што се сомневам. Точно се знае во кои средини и на кои ранливи групи се дава помош. Очекувам ова да се повтори за избори но треба да бидат свесни дека пардон нема да има и за тоа ќе има сериозни казни“, нагласи Николоски. За тоа од каде им се производите Николоски рече: „Производите се од онаму каде што успеале да изрекетираат. Тие фирми што ги рекетираат од таму им се прозиводите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 23:28