Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија, а по повод 7-ми Април денот на здравјето и денот на здравствените работници изведе хуманитарна акција и донира мед во десеттина македонски градови.

Пчеларското здружение „Нектар“ од Битола донираше мед и растворен прополис во Клиничка болница-Битола, а донацијата ќе ја користат медицински лица вработени во битолската болница.

Не застануваме тука, сме донирале и во иднина ќе донираме, изјави Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларски здруженија на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 23:51