Банк оф Ингланд (британската Централна банка) денеска соопшти дека се согласила привремено да го финансира задолжувањето на Владата во борбата против коронавирусот доколку парите не можат во кус период да се набават на пазарот на долгови.

Со тоа Централната банка повторно посегна по мерките со кое се служеше за време на финансиската криза во 2008 година.

Британската Влада обично се задолжува директно на пазарите, со емисија на обврзници. Неделава трговците покажаа голем интерес за купување повеќе од 10 милијарди фунти, иако некои од нив носат рекордно ниски приноси.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 16:26