Комисијата за образование, култура, млади и спорт на Демократската партија на Албанците (ДПА), предлага целосно откажување на државната матура за учебната 2019/2020 година.

Дури и ако ситуацијата со вирусот Ковид-19 се надмине во најкус можен рок, сите околности што влијаат на процесот на спроведување на испити за државна матура се уште се на штета на годинашните матуранти, образложуваат од ДПА.

– Учениците не посетуваат редовни часови и начинот на водење на процесот на учење не спаѓа во стандардната форма и квалитет, го напуштиле училиштето во време кога обично се интензивираат активности и вежби околу државната матура, тие се загрижени за епилогот на матура.Предлагаме Диплома за матура за учебната 2019/2020 година да им биде дадена на сите матуранти, без исклучок, истакна Валбона Тоска, претседателка на Комисијата за образование, култура, млади и спорт на ДПА.

Според нивниот предлог, Министерството за образование треба да формира тим/експерт, кој во консултација со претставници на организации средношколци, ќе донесе одлука за критериумите за доделување на матурата и оценки.

– Дипломата за матура е многу важен документ што официјално го потврдува завршувањето на едукативниот циклус и во исто време е неопходен документ за запишување на следното ниво. Околностите ќе се променат, а евентуалното отсуство на матурата ќе ги следи засекогаш матурантите од оваа генерација, потенцираше Тоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 18:45