Откако дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на вчерашната владина он-лајн дебата истакна дека во едно возило треба да се возат максимум три лица со се возачот, денес на својот фејсбук профил министер за внатрешни работи ја демантираше и истакна дека до сега не е донесена таква одлука или препорака од страна на Владата.

❗ Во интерес на целосно и точно информирање на јавноста ги информирам граѓаните дека владата на седница која се одржа на 06 април ги донесе следните одлуки:

✔️ Се забранува движењето на граѓаните на територијата на целата држава од понеделник до петок во период од 16:00 до 05:00 часот и за време на викенд од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник. Во однос на лицата со возраст 67 години се забранува движење од понеделник до петок, во период од 12:00 до 10:00 часот наредниот ден. За лицата на возраст до 18 години се забранува движење од 15:00 до 13:00 часот наредниот ден.

✔️ Се забранува собирање во група на повеќе од две лица во паркови и на други јавни места, при што лицата помлади од 14 години кои се во придружба на родител кој е дел од групата не се вбројуваат.

✔️ За време на забраната за движење на граѓаните, сопствениците на домашни миленичиња (куче) кои живеат во колективни станбени објекти може да ги изнесуваат истите надвор најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат и тоа: во времетраење од 30 минути, односно од 20:00 до 20:30 часот, а во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 до 8:30, попладне од 15:00 до 15:30 и во вечерните часови од 20:00 до 20:30 часот.

❌ Во однос на пласираните информации во јавноста кои се однесуваат на ограничувањето на групирање на граѓаните во возила и употреба на заштитна опрема ги информирам граѓаните дека не е донесена ваква препорака или одлука, но апелирам до нив да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање и носење заштитна опрема со цел заштита на своето здравје и здравјето на своето најблиски, напиша Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 22:36