Поради дефект на затварач на раскрсница меѓу улица „Самоилова“ и булевар „Никола Карев“, утре без вода ќе останат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Банатска“ во општина Центар, како и дел од корисниците од Момин Поток во Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот, информира јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 22:43