Кумановскиот суд вчера донесе пресуди за десет лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Како што соопшти Судот, на лицата им се изречени парични казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500 денари.

– Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на Светската Здравствена Организација, на 25, 28, 30 март, на први, втори, трети април во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 23.03.2020 година и 25.03.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21:00 часот до 05:00 часот и од 16:00 до 05:00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период, соопшти Судот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 22:47