Пред десеттина дена, оваа јавна здравствена установа доби и донација од 500 заштитни визири од компанијата „Ронтис”.

На ЈЗУ Здравен дом попладнево беше врачена донација од 2.400 заштитни маски од германската компанија „Маркарт Македонија”.

Никола Димовски, директор на ЈЗУ Здравен дом при примањето на донацијата искажа благодарност до донаторот тимот на „Маркарт” и генералниот директор Волфганг Ајхер за искажаната хуманост.

– Донациите од општествено одговорните компании за здравствените работници се многу значајни за заштитата на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, и затоа им искажуваме голема благодарност за нивната хуманост, потенцира Димовски.

Инаку, ЈЗУ Здравен дом неодамна доби 260 платнени повеќенаменски заштитни маски изработени од две жени волонтерки шивачки со материјал од неколку индивидуални донатори, а во соработка и координација со Фондација „Фокус” од Велес.

Пред десеттина дена, оваа јавна здравствена установа доби и донација од 500 заштитни визири од компанијата „Ронтис”. Освен на оваа здравствена установа, визирите беа поделени и на останатите три јавни здраствени установи: како Општа болница Центар за јавно здравје и Болница „Јасеново”.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 22:50