Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги осудува обидите на одредени портали, да ја манипулираат јавноста, ширејќи лажни вести дека е доведено во прашање функционирањето на Агенцијата и контролата на безбедноста на храната, поради потврден случај на заболено лице од овој вирус, кое е вработено во институцијата. Во услови на прогласена пандемија и на највисоко ниво подигнати мерки за заштита од вируот од страна на државата, неодговорно кон граѓаните е со создавање на лажна слика за реалнита состојба да се креира колективна несигурност и да се создава паника, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Агенцијата за храна и ветеринарство е максимално посветена на исполнување на законските обврски за контрола на безбедноста на храната и здравјето на граѓаните и ниту во еден случај, не е доведено во прашање нормалното функционирање на институцијата.

На максимално високо ниво во Агенцијата имплементирани се сите препорачани безбедносни мерки и препораки од владата и Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19. Ова е ракцијата на АХВ по информацијата дека нивна вработена е позитивна на коронавирусот.

– Како превенција, седум други вработени кои биле во контакт со вработената која не доаѓа на работа од 2 април, односно една седмица, минатата недела се испратени во домашна изолација. Уште денес е направена реорганизација на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, и тој продолжува да работи непречено. Министерството за здравство ги реализира епидемиолошките анкети со вработените, по што ќе се одлучи колку луѓе ќе бидат дополнително ставени во изолација, за што дополнително ќе известиме – информира АХВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 23:06