Американската компанија „Епл“ годинава ќе ги промовира новите модели на Ајфон со задоцнување од еден месец, соопшти денеска Волстрит журнал.

Повикувајќи се на извори од компанијата, весникот дознава дека задршката на производството на новите модели Ајфон се должи на привремената пауза во работата на фабриките поради коронавирусот.

Како што претходно посочија некои медиуми, во 2020 година „Епл“ планира да претстави на пазарот четири нови паметни телефони. Два ќе бидат сосема нови модели „Ајфон 12 про“ и „Ајфон 12 про макс“, уште два ќе бидат усовршена верзија на основните модели „Ајфон 11“.

Традиционално, новите телефони „Епл“ ги промовира во септември, годинава настанот ќе биде поместен за неколку недели, но се планира да се случи наесен, јавуваат изворите.

Новите телефони ќе бидат опремени со петта генерација брзина на трансфер на податоци (5Г) технологија, и 3Д Лидар камери како кај таблетите „Ајпад про“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 22:36