ОЈО Струмица поднесе казнени налози против 26 обвинетите, кој во периодот од 24 март до 8 април, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, соопштија од обвинителство.

– Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, наведуваат од ОЈО Струмица.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 30 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 13:50