Основниот суд во Куманово во април донел седумдесет пресуди за лица кои не постапувале според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија денеска од судот. Обвинитетите се осудени на парични казни кои се движат од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.
– Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово, за сторени кривични дела „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основиот суд Куманово, во периодот од 01.04.2020 година, заклучно со 30.04.2020 година, донесе вкупно седумдесет (70) пресуди со кои обвинетите се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парични казни, во денарска противвредност од 1.000 евра, до денарска противредност на износ од 2.000 евра, се наведува во соопштението на Судот.
Наведените кривични дела, појаснуваат од Судот, обвинетите ги сториле за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, прогласена со одлука на Светската здравствена организација од 11 март 2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, не ги почитувале одлуките на Владата на РМ, насочени кон спречување на ширење и сузбивање заразната болест, преизвикана од вирусот Ковид 19.