Компанијата Фејсбук ја информира јавноста за драстично зголемување на бројот на отстранети постови што промовираат насилство и говор на омраза, што сега се припишуваат на подобрувањата во технологијата за автоматско препознавање на текст и слика, известува „Гардијан“.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината отстранила околу 4,7 милиони објавувања поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал

Исто така, компанијата соопшти дека во првиот квартал биле отсртанети 9,6 милиони објави на Фејсбук што содржеле говор на омраза, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година.

Фејсбук ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, што го воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 10:49