Во кината ширум САД на 1 јули годинава ќе почне да се прикажува новиот психолошки трилер со Расел Кроу во една од главните улоги – „Unhinged“ (Растроен). Филмот е режиран од Дерик Борте, а автор на сценариото е Карл Елсворт. Проектот е на продуцентската куќа Солстис студио.
– Ние ја донесовме оваа одлука (за времето на премиерата), по опширни консултации со Националната асоцијација на киносали и водечките филмски дистрибутери, изјави Марк Гил, извршен директор на Солстис.
Приказната е за жена што станува цел на прогон и насилство поради тоа што на улица го престигнала „погрешниот човек”. Кроу го глуми негативецот.