Парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна ќе се одржи на 24 јуни, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин.
Парадата и одбележувањето на 75 години од победата во Втора светска војна требаше да се одржи на 9 мај, но поради пандемијата со новиот коронавирус, беше одложена церемонијата.
– Дадов налог да почнат подготовките за одржување на воената парада во престолнината на Русија и во другите градови, изјави Путин на состанокот со претсатвниците на армијата.