Кипар е единствената земја во Европската унија што изврши тестирање за Ковид-19 на 12 отсто од населението, изјави министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану пред парламентарната комисија за здравство, пренесоа кипарските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоану ја информирал надлежната комисија за тестовите направени на Кипар, објаснувајќи дека досега во земјата се направени 106.000 анализи, односно 12.094 на 100.000 жители.

Паралелно, објаснил дека тестовите, досега ја чинеле земјата 6.766.000 евра и истакнал дека Кипар заедно со Романија се меѓу земјите од ЕУ со најевтини тестови. На Кипар чини 65 евра, а во Романија со 63 евра.

Според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар заклучно со вчера, регистрирани се 941 позитивни случаи на Ковид-19, а од почетокот на епидемијата починаа 17 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 13:45