Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење лична заштита на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа, 33 во Велес, 20 во Кавадарци и 46 се во Неготино.

Како што информира портпарлот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во овој период нема новорегистрирани лица со rешениe за изолација, а со изјава за самоизолација има седум нови лица, пет во Велес и две во Кавадарци.

Вкупно со решение во изолација има 116 лица, од кои 66 во Велес, пет во Кавадарци и 45 во Неготино, додека со изјава за самоизолација има вкупно 73 лица, од нив 42 се во Велес, 21 во Кавадарци и 10 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 13:15