Режисерот на филмскиот хит „Барани“ (Wanted) од 2008 година, Тимур Бекмамбетов изјави дека конечно има уникатна идеја за продолжение.

Идејата за втор дел на филмот со Анџелина Џоли и Џејмс Мекавој во главните улоги, е присутна веќе 12 години, но сега режисерот сака тоа да биде различно и поинаку направено.

Имено, тој сака „Барани 2“ да биде во „screenlife“ формат (на екран во живо). Тоа е она кога филмската приказна е прикажана во форма на екран од компјутер, лаптоп, таблет, паметен телефон, паметни очила и така натаму.

Проектот е сѐ уште во својот зародиш. Засега не се знае дали Џоли и Џејмс ќе бидат дел од него.

Инаку, следен проект на Тимур Бекмамбетов, којшто е во постпродукција е „Unfollowed” – третиот дел од хоророт „Unfriended” (Избришани од пријатели). Првите два филма се снимени токму во тој нов „екран“ формат, и тоа беше солидно прифатено од публиката.

Анџелина Џоли годинава ќе се појави во три филма – „Those Who Wish Me Dead“, „The One and Only Ivan“ и „Come Away“.

Џејмс Мекавој годинава ќе глуми во филмот „The Sandman”.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 19:26