Стомачна танчерка од Египет заработи три години казна затвор во својата земја, поради „сексуално сугестивна“ објава на социјалните мрежи, соопштија властите во Каиро.

Покрај тоа, Сама Ел-Масри, која има над три милиони следачи на Инстаграм, ќе мора и да плати 15.000 фунти поради своето „неморално однесување на интернет“ и провокативните слики и видеа од себеси.

– Има огромна разлика меѓу слободата и развратот… Г-ѓа Ел-Масри и другите влијателни личности на социјалните мрежи ги уништуваат семејните вредности и традиции. Тие активности беа забранети со закон и со Уставот!, изјави Џон Талат, член на египетското Собрание кој побара правна постапка против г-ѓа Ел-Масри и неколкумина други лица.

Танчерката рече дека ќе поднесе жалба на изречената казна.

Од 2014 година, откако на власт дојде претседателот Абдел Фатах ел Сиси, стотици јавни личности, новинари, активисти, правници и интелектуалци се уапсени во име на државната безбедност.

Ел-Масрипред неколку години беше уапсена и за навреда на сопственикот на спортскиот клуб Замалек – Мортада Мансур.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 01:53