Охридскиот аеродром се реотвара утре со летови до Цирих и Милано, првите чартер летови на 5 јули

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре повторно ќе биде отворен. За попладнето најавени се првите полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.

Информации за останатите летови може да се најдат на веб страницата на охридскиот аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 14:15