Венко Филипче да се посветеше само на глумачко-политичката кариера во крими филмот на Заеви, Министерството за здравство ќе го водеа професионалци и немаше да броиме стотици заболени и десетици починати секој ден.

Зоран и Вице Заеви да си се посветеа на гангстерската кариера, државата ќе ја водеа чесни политичари кои ќе направеа нешто за народот.

Дури народ се разболува и умира, со зелено светло на Заев се рекетираат и се палат автомобили во државата.

Во Македонија за едно деноноќие има 147 нови случаи заболени од корона вирус, а 6 за жал починати. Венко Филипче без срам тера кампања и снима спотови на Заев. Тој денес требаше да одговори зошто ја излажа јавноста пред еден месец кога рече дека сите кластери во Скопје, кај што епидемијата е најсилна, се знаат и се под контрола, за сега да имаме признание од епидемиолозите дека корона вирусот се шири неконтролирано и веќе не се знае колку се кластери постојат.

Ова е доказ дека Филипче не води министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика.

Каков Заев - таков Филипче.

Заев го покажа своето лице. Тој не се грижи за народот. Нему главна грижа е како да ги зголеми милионите евра и како да сее страв преку рекетарите и на тој начин да прибира милиони во торби. За ова секој ден излегуваат сведоштва. Бојан Јовановски јавно призна дека рекетираните пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви, про-рускиот бизнисмен Дака призна дека бил во договор со Заев за бизниси во Македонија и платил 300 илјади евра, а вчера излезе и последното сведоштво на член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот кој каже дека со зелено светло на Заеви биле палени автомобили во Македонија.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2020 10:57