Во акциска контрола на полицијата во Штип спроведена викендов откриени се 113 прекршоци од страна на возачи на мопеди и мотоцикли.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајтова информира дека 17 прекршоци се за немање возачка дозвола – потврда, 46 за неносење заштитен шлем, по седум за нерегистрирани мопеди и мотоцикли и за немање полиса за осигурување, двајца за неносење возачка дозвола и 33 се останати прекршоци.

На сите сторители им се издадени прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одзеле и три мотоцикли без соодветна документација.

Панајотова информира дека во текот на викендов на подрачјето на СВР-Штип регистрирани се и 107 прекршоци за неносење лична заштитна опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 16:45