Премиерот на Хрватска и претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, ја доби поддршката од националните малцинства, од Хрватската народна странка (ХНС) и реформистите за формирање влада, потврди портпаролот на актуелната Влада, Марко Милиќ.

„Премиерот спроведе почетна рунда консултации со сите избрани претставници на националните малцинства, ХНС и реформите. Тие даваат јасна поддршка на новото парламентарно мнозинство и владата на ХДЗ, предводена од Андреј Пленковиќ“, напиша Милиќ на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 17:02