Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Еден пациент починал, оздравени се 53 пациенти.

-Заболените се од познати кластери, сите се од Општина Куманово, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Денеска, извршени се 21 тестирање по „Мој термин“ и 27 согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 801 лице од кои во моментов активни се 194 случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 17:03