Грчката полиција утрово уапси две лица, кои нелегално, преку реката Еврос, од Турција влегле во Грција и пренеле 489 грама канабис и 4.925 наркотични таблети, јави дописничката на МИА од Атина.

Дрогата била запленета, а уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.

Според грчките медиуми станува збор за таблетите „Каптагон”, познати како „таблети на Џихадистите”, а уапсените лица се од Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 22:06