Демонстрантите во Кенија запалија полициска станица, откако полицаец, наводно, убил човек кој продавал фалсификувани средства за дезинфекција за раце, јавија британските медиуми, повикувајќи се на полициски извештај.

Според извештајот, полицискиот службеник во моментот е во притвор.

Тој пукал по вербалната расправија со човекот кој продавал фалсификувани производи на пазар во западниот дел на Кенија, се додава во полицискиот извештај.

По пукањето, демонстрантите веднаш се упатиле кон полициската станица, фрлајќи камења врз неа и палејќи ја. Во инцидентот се оштетени станицата и околните возила, а повредени се и 14 полицајци.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 22:20