Сакам победа во Штип поголема од онаа во Струмица, бидејќи интелегенцијата доаѓа од Штип, сакам поддршка за нашите деца, за нашите кандидати. Државата е вратена на народот и никогаш нема да ја вратиме на режимот, немам трошка сомнеж за поддршката, порача вечерва од Штип, носителот на на листата во ИЕ4 Зоран Заев.

Носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски и двајцата кандидати за пратеници од Штип, Сашко Николов и Емилија Рамбабова презентираа што во наредните четири години ќе се реализира од програмата „Можеме’.

Заев на младите им порача да останат во својата земја, бидејќи, како што рече, овде има мегдан, можност да се изборат за подобра економија, образование и здравство, за разлика од странство, каде што нема мегдан.

– Сите со засукани ракави, ние ќе го подобриме образованието, здравството, ние ќе ги збогатуваме нашите ридови, сега имаме пријатели, стратешки партнери и тоа како убав мегдан имаме, а зборот е можеме многу повеќе и подобро, рече Заев.

Тој се поклони пред Штип и штипјани и заради делото на Киро Глигоров и заради сите славни штипјани кои се вградиле во нашата историја и дека Штип повторно победува.

– Денеска пред вас сум јас, Зоран Заев, Македонецот, кој ви се поклонувам вам, штипјани, Македонци на македонски јазик, признаен од целиот свет, со сочуван македонски идентитет. Денеска ја имаме нашата држава, Северна Македонија, држава признаена од целиот свет, со тапија, со имотен лист во светот“, истакна Заев.

Тој потенцираше дека веднаш по изборите ќе побара од претседателот Стево Пендаровски да ги награди здравствените работници, кои се борат со пандемијата и се радуваат на секој спасен човечки живот, тргнат од кислородна поддршка и од респиратор да им биде врачи Медал на храброста. Се осврна на вложувањето во човечкиот капитал во изминатите две и пол години, меѓу кои и во здравствените работници, во нивните плати, но и реновирање на болници и здравствени домови за подобри и поквалитетни услугу за граѓаните.

Тој додаде дека од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен лажен патриотизам, кој денеска, рече, е целосно разобличен и од реалноста и од граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ велат, да си ја врателе државата. Од кој ќе ја вратат? Од народот? Државата е вратена на народот, никогаш повеќе нема да се врати во режим!, вели Заев.

Тој порача дека за три години СДСМ покажа решителност во затворање на надворешните прашања, но и силна посветеност во решавањето на домашните проблеми.

– Осустотини и четириесет милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра. Денес, тоа е речиси комплетно раздолжено и при тоа ја подигнавме економијата, од минус 1,8 на 3.6 проценти. Покажавме дека има пари и за покачување и на плати и на пензии. Минималната плата ја покачивме на за 6, туку за 60 отсто, ни 150 евра не земаа голем дел од штипјани и штипјанки кои работеа во текстилните фабрики. Денеска е 14.500 а до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари. Покажавме дека знаеме и можеме, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро, порача Заев и повика граѓаните на Штип на 15 јули да излезат на гласање и да гласаат за бројот три за СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Носителот на листата на пратеници во ИЕ 3, Љупчо Николовски забележа дека како никогаш досега на истокот не се гради и се поврзува за посилен економски развој. Порача дека веднаш по победата ќе ги засукаат ракавите.

– После големата победа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ на 15 јули, веднаш наредниот ден ќе ги засукаме ракавите и ќе продолжиме да градиме мостови како мостот „Иднина“, затоа што нема да има жални врби, и барок и споменици. Којзнае колку мостови, како овој овде во Штип, лежат во барокот на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го изградиме еден од најкапиталните проекти за Штип, сон за сите генерации Браната Отиња. Колку вакви брани можеа да бидат направени ако го немаше Скопје 2014 или ако не се изнесуваа парите на Белизе на криминалците. Ќе градиме детски градинки, филтер станици, нови базени, патишта, затоа што покажавме дека се работи упорно, чесно и домаќински, вели Николовски.

Тој нагласи дека кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ е без ниту една дамка и има право да ја бара поддршката од Штип и од цела ИЕ 3.

– Затоа што покажавме дека две и пол години се многу повеќе од 11 години. Од најизолирана, раскарана држава, денеска имаме стратешки партнери. Благодарение на храброста на Зоран Заев. Затоа е јасно дека победата ќе дојде и од ИЕ 3. На 15 јули граѓаните нема да се враќаат назад, ќе го продолжат овој европски пат, пат на иновативна и еколошка земја. Ги менуваме вредностите и воведуваме нови политички стандарди. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ само ја врати меморијата на граѓаните дека тие сакаат да го вратат Груевски. Тоа се негови кандидати, нудат обнова на режимот, криминалот, стравот, корупцијата, рече Николовски



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 00:15