Ако имате ревматоиден артрит нема да најдете лекови во продажба оти сите се повлечени за лекување на пациенти со Ковид 19. Заради опасниот вирус овие лекарства се повлечени и луѓето болни од споменатиот хроничен тип на ревма немаат излез. Спасот се обидуваат да го добијат преку медиумите.

-Лековите веќе еден месец се обидувам да ги најдам во Кичево и Околните градови каде што имам контакти да ми ги побараат и секаде истиот одговор дека сите резерви се откупени од страна на државата затоа што Хлотрикинот се полажа како успешен за лекување на болните од Ковид 19. И болните од реума се ставени во ризична категорија од корона вирусот, а не се во можност да дојдат до лекот. Реумата ги напаѓа зглобовите, екстремитетите, болните со висок реума фактор ниту лажица не може да си земат во рака без терапијата, раскажува за Алфа кичевчанката Валентина Павлевска, чија мајка ја има оваа мака.

Таа порачува дека е бесмислено здравјето на едни пациенти да се ризикува за сметка на други. Министерот за здравство им одговори дека сите кои имале потреба од ваков лек да се јават во Агенцијата за лекови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 00:15