Во интервју за албанската телевизија „Syri Tv“, Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги коментираше изјавите на неговиот се уште владин коалиционен партнер Зоран Заев.

Во врска со изјавата на Претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ДУИ е спремна за опозиција каде што ќе треба да се реформира рече дека ваквите изјави Заев ги дава кога е во кафеана и после две чаши ракија, бидејќи пред него друго зборува.

– Овие изјави Заев ги дава во кафеана кога ќе се напие и две чашки ракија бидејќи кога е со мене поинаку зборува. Јас не сум од тие кои едно зборуваат предпладне а друго попладне. За нас е добро да победи актуелниот партнер, но сепак одлучуваат граѓаните. Но таков е Заев дава такви изјави. Јас не сум таков – рече Ахмети.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 02:44