Турција ќе одговори со свои мерки ако Европската унија наметне нови санкции, предупреди турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по состанокот со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан минатата недела изјави дека министрите на ЕУ ќе разговараат за Турција на 13 јули, наведувајќи дека во таа прилика би можело да се разгледа и воведувањето нови санкции за Анкара, покрај чекорите преземени поради дупчењето на Турција во економската зона на Кипар

– Ако ЕУ преземе дополнителни одлуки против Турција, ние ќе мораме да одговориме на тоа, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со Борел во Анкара.

Чавушоглу ја критикуваше ЕУ затоа што, како што рече, не ги исполнила своите ветувања и го поврзува прашањето како што е кипарскиот спор со договорот за мигрантите од 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 10:30