Републиканците бараат претседателoт на САД, Доналд Трамп, да одговори на извештаите во медиумите дека Русија, наводно, понудила награди за милитантите во Авганистан за убиство на американски војници и коалициски сили.

Експлозивните нови извештаи предизвикаа поделби помеѓу Белата куќа и републиканците на Капитол Хил.

Мек Торнбери, највисокиот републиканец на Комитетот за вооружени услуги на Претставничкиот дом на САД, изјави дека побарал од високи официјални претставници на Пентагон итно да одржат брифинг за разузнавачките податоци, но не добил одговор.

Торнбери истакна дека соопштението на Белата куќа, во кое се вели дека Трамп не бил информиран за наводните награди што ги објави Русија за убиствата на американските војници во Авганистан, е „многу загрижувачки“.

Републиканските и демократските претставници барале „агресивен одговор“ на наводите од „Њујорк тајмс“ и останати медиуми, коишто тврдат дека Трамп бил известен за ситуацијата во март, но не презел никаква акција.

Трамп и останатите административни претставници првично ги минимизираа обвинувањата од „Њујорк тајмс“, отфрлајќи ги наводите како неточни.

Трамп на Твитер напиша дека разузнавачката служба на САД го информирала за време на викендот дека таа информација не ја сметаат за веродостојна и затоа порано не ја пријавиле во Белата куќа.

Сепак, се проценува дека Белата куќа изврши зголемен притисок за да добие одговор од Капитол Хил, откако, како што објави „Политико“, закажа брифинг за републиканските пратеници од Претставничкиот дом во Белата куќа.

Претседателката на Претставничкиот дом, Лиз Чејн, во соопштение на Твитер истакна дека Белата куќа мора да објасни зошто претседателот и потпретседателот на САД не биле информирани, дали информациите се дел од дневните информации на претседателот, кој знаел за тие разузнавачки проценки и кога, како и што е направено за да се заштитат американските сили и „како Путин да одговара“.

Републиканскиот сенатор на Оклахома, Џим Инхоф, исто така, ја повика администрацијата да ги сподели своите разузнавачки информации.

Претседателката на Претставничкиот дом на демократите, Ненси Пелоси, исто така, побара американските разузнавачи да одржат брифинг за членовите на Претставничкиот дом.

– Прашањата што се поставуваат се: дали е информиран претседателот, а ако не, зошто не и зошто не е информиран Конгресот? На Конгресот и на земјата сега им требаат одговори, пишува Пелоси во писмо до директорот на ЦИА, Џини Хаспел, и новиот директор на Националната разузнавачка тајна служба, Џон Ретклиф.

Ричард Гренел, кој до мај беше вршител на должноста шеф на националното разузнавање, истакна дека никогаш не слушнал за такви разузнавачки проценки.

Единица на руската воена разузнавачка служба, ГРУ, која наводно, раководеше со операцијата во Авганистан, имаше водечка улога во „обидите на Русија да ги дестабилизира западните земји, од обидот да се изврши пуч во Црна Гора во 2016 година до обид за атентат врз поранешен руски шпион Сергеј Скрипал во 2018 година.

Министерството за надворешни работи на Русија ги отфрли тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека американските разузнавачки служби заклучиле дека руската воена разузнавачка единица, наводно поврзана со обиди за атентати во Европа минатата година, понудила парични награди за успешни напади врз американски војници или војниците од воена коалиција предводена од САД во Авганистан.

На тој начин до наградите дошле припадниците на воените организации во Авганистан лица поврзани со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 11:00