Комисија за одбележување на празници и манифестации, како и за доделување награди и признија во Општина Демир Хисар, објави јавен повик за поднесување предлози за доделување на награда за животно дело во тој град.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека наградата на Општина Демир Хисар „За животно дело“ се доделува на физичко лице за постигнати вонредни резултати, а особено за успеси и големи заслуги постигнати во областа на науката, бизнисот, економијата, образованието, културата, техничката култура, уметноста, спортот, здравството, социјалната заштита, екологијата и хуманитарните дејности, како и други подрачја и дејности, во Општината Демир Хисар.

Наградата за животно дело се состои од плакета и паричен износ кои ќе бидат врачени на 2 септември, празник на градот, односно Ден на ослободувањето на Демир Хисар.

Јавниот повик за доставување предлози за највиското општинско признание во Демир Хисар завршува на 20 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 11:36