Оливер Спасовски со Зоран Заев овие три години наместо подобар живот донесоа криминал, корупција и рекет. Со нив Македонија нема иднина, напротив ќе тоне уште подлабоко. Македонија со Спасовски и Заев е хибриден режим, најкорумпирана земја во Европа, каде што парите наместо кај народот завршуваа во Луј Витон торби или снопчиња во чанти завршувале кај Заеви.

За ова постои сведоштво, исто како што постои сведоштво за 300 илјади евра кои ги дал контроверзниот проруски бизнисмен Дака, исто како што беше случајот евро за Вицето, исто како што се тргувала правдата за 4,6,8 милиони евра исто како што со „трас трас“ одлуки во правосудството биле селективно уништувани случаи.

Криминалот на Заев ја изеде Македонија.

После 15 јули ќе има одговорност, но и Обнова на правната држава во Македонија. Оливер е исплашен како и неговиот лидер Заев дека народот не може да се купи со 5 пари, туку народот е достоинствен и мудар и ќе ги казни за сите порази, погазувања и навреди кои му го упатуваа во овие три години.

Спасовски, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 16:59