Универзитетот Харвард во Бостон и Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) поднеле тужба за да ја оспорат одлуката на администрацијата на Трамп со која на странските студенти им се забранува престој во САД доколку се одлучиле од есен да следат настава онјалн, објави американскиот весник Тајмс Дејли.

Тужбата е поднесена до федералниот суд во Бостон, со цел да се спречат федералните имиграциски институции да ја спроведуваат одлуката на Белата куќа, со објаснување дека претседателската наредба го крши законот за административна постапка и не дава доволно јасен аргумент за оправданоста на воведување на таквата рестриктивна мерка против странските студенти.

Престижниот универзитет соопшти дека со спроведување на оваа одлука, на најмалку 5.000 студенти на Харвард ќе им биде забранет престој во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 17:00